Во американската сојузна држава Тенеси денеска на електрична столица ќе биде усмртен затвореник, пренесуваат американските медиуми.Едмун Загорски, кој е осуден за двојно убиство, кое го извршил во 1984 година е втората личност која ќе биде егзекутирана во Тенеси од 1960 година, наведува АП.
Дерил Холтон во 2007 година одлучил да биде усмртен на електрична столица. Загорски исто така одлучил да биде усмртен откако неговата тужба за протоколот на смртоносната инјекција била отфрлена.
Неговите адвокати соопштиле дека Загорски верува оти смртта со електричната столица ќе биде брза, но дека останува на ставот дека електричната столица и смртоносната инјекција се неуставни методи на егзекуција.
Во САД последен пат е усмртен затвореник на електрична столица во 2013 година во сојузната држава Вирџинија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст