Шулц изјави дека „длабоко не се согласува со Камерон, мислејќи на вчерашниот говор во кој најави референдум. Според претседателот на ЕП, таа идеја била опасна и можела да ја отвори Пандорината кутија затоа што најверојатно и други земји би го следеле примерот на Британија.
Шулц од друга страна, признава дека многу критики на Камерон изразени во говорот биле оправдани. Тој порача дека Европјаните мора да работат подобро, наведувајќи дека основни болки на ЕУ се демократскиот дефицит, социјалната нееднаквост и нетранспарентноста на институциите.
Според првиот човек на ЕП, ниту една земја членка не е доволно силна да се избори со предизвиците што ги носат климатските промени, имиграцијата и економската криза, поради што решението го гледа продлабочување на европските интеграции.
– Еден ден ќе имаме Соединети Европски Држави, рекол Шулц додавајќи дека тоа е можно и неопходно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


