Дваесетгодишната студентка починала на американскиот универзитет во Конектикат, така што се задушила на натпреварување за брзо јадење палачинки.
Несреќниот настан се случил минатата година, а семејството на починатата Кетлин Нелсон во понеделник поднела тужба против Универзитетот.
– Девојката започнала да се дави и една од студентките по медицина на натпреварувањето тоа го забележала. Ја фатила и лесно ја спуштила на земја, рекла полицијата минатата година за медиумите.
Организаторите се обиделе да и го ослободат дишниот пат на девојката, но не успеале да ја спасат.
Во тужбата се наведува тврдењето на полицијата дека нејзините уста биле „затрупани со палачинки, скоро до забите“.
На аутопсијата било утврдено дека студентката починала од гушење поради прекин на дишниот тек.
Со тужба од Универзитетот се бара парична отштета, но и да се крене свеста за опасносноста од американските натпреварувања во јадење.
– Оваа натпреварување очигледно е поопасно од што мислат луѓето, а особено за образовните институции да разберат дека одредена храна е побезбедна од другите и дека со подобо предвидување буквално може да се спаси живот – рекла адвокатката
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст