| четврток, 6 декември 2018 |

Докторот на Дарко: Лазиќ е севесен и комуницира, но ова уште не го знаеме!

Семејството Лазиќ еден недела поминува низ вистинска агонија. Дарко беше шест дена во вештачка кома, а тимот од лекари успеа да се избори тој денеска да е надвор од животна опасност.

За српските медиуми, доктор од тимот кој се грижи за пејачот, потврдил дека тој почнал да зборува, свесен е и комуницира со другите.

Семејството денеска е среќно. Во посета на Дарко биле татко му, мајка му и неговиот вујко и оттаму излегле среќни и задоволни.

Според зборовите на докторот, Дарко е надвор од животна опасност, но не е познато дали има дупки во сеќавањето.

– Никој не знае дали се сеќава на несреќата, бидејќи никој не му зборува за тоа – изјави лекарот на Лазиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top