Пратеничката од СДСМ, Ивана Туфегџиќ, денеска за време на собраниската седница, на која се уште траат пратеничките прашања, праша до каде е истрагата за планинарите кои загинаа на Кајмакчалан. Како што рече, брзината на истрагата ја револтира јавноста и семејствата.
„До каде е сега истрагата со загинатите планинари, тоа е општествена одговорност. Прашувам во име на семејствата, да има правда и да се дознае што довело до тоа двајцата млади да ги загубат животите?“ праша Туфегџиќ.
Би ценела, рече Туфегџиќ, доколку истрагата биде наскоро обелоденета.
Истото прашање таа го постави до обвинителството уште во јули.
Двајцата планинари, 28-годишната Калина Велевска и 35-годишниот Александар Миновски, во февруари загинаа по бурата што ги зафатила на планината Ниџе. Најверојатно, од силниот ветер паднале во дол по што на лице место починале. Со помош на хеликоптер, 3 возила и 13 лица од службата за спасување, двете тела беа извлечени и однесени во болница каде што е констатирана смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст