| четврток, 6 декември 2018 |

Битно имаат смисла за хумор? Шилегов, Шекеринска, Петроска, Орданоски ни се изнасмеаја на маките

Вчеравечер градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов организираше „Скопска прес дружба“ која требаше да биде вечера по повод една година заедничка соработка со градоначалникот на Град Скопје со новинарите.

Во „Сквер 21“ се собраа новинари, градоначалници, директори на јавните претпријатија на Град Скопје, како и дел од министрите во Владата меѓу кои беа Шекеринска и Филипче, а за работата на Шилегов говореа новинарот Сашо Ордановски, Бранко Огњановски и градоначалничката на Битола Нашата Петровска. На дружбата расположението било на високо ниво, па паднале и повеќе шеги ни помалку ни повеќе на сметка најголемите проблеми со кои се соочуваа и се уште се соочуваат скопјани – загадувањето на воздухот, комарците, кучињата скитиници,  сообраќајниот метеж…, јавува СДК.мк.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска му се заблагодари на нејзиниот колега Шилегов за трите крш автобуси од јавниот превоз во Скопје, што ѝ ги подарил за превоз на учениците.

– Фала ти Петре за трите крш автобуси што ми ги подари. Си ми ги оставил и отчитувачите и сега не знам како да наплатувам. А најстрашно од сè е што на нив пишува ‘скопска’, а во Битола тоа звучи лошо. Ама да не застане тука нашата соработка. Сакам да ми дадеш и една галија, му порачала Петровска на Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top