Офанзивниот играч за врска на Милан и шпански репрезентативец, Сусо би можел да се врати во англиската Премиер лига во следниот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми. Имено Челси, Ливерпул и Тотенхем покажуваат сериозен интерес за 24-годишниот Шпанец кој игра одлично во дресот на Милан.
Сусо и оваа сезона е еден од најдобрите играчи во Серија А и после девет одиграни кола има 3 гола и дури 7 асистенции.
Сусо има договор со „росонерите“ до 2022 година, но проблем за Милан е што во неговиот договор има откупна клаузула од релативно ниски 40 милиони евра, сума која не претставува проблем за англиските клубови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст