| четврток, 6 декември 2018 |

На денешен ден е роден Сашко Гешовски-првата жртва од Македонија во 1991

На денешен ден,31 октомври 1971 година во Кавадарци е роден Сашко Гешовски, првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избувнаа во 1991 година во некогашна СФРЈ. Дваесетгодишниот Гешовски бил застрелан на 6 мај 1991 година додека чувал стража во Военопоморската касарна во Сплит за време на демонстрациите од страна на поддржувачите на независноста на Хрватска.
Во конфликтите кои започнаа во СФРЈ загинаа четириесетина македонски војници кои се најдоа во редовите на некогашната ЈНА.
Протестите во кои учествувале повеќе од 30 илјади демонстранти за кратко време прераснале во безредија и престрелки. Еден од куршумите бил фатален за младиот кавадарчанец. Меѓутоа, до ден денешен остана непознато како загина Сашко. Според едни кажувања, тој е убиен од хрватскиот муповец Иван Врдољак, а според други, од негов старешина, поручник на ЈНА. Трети пак велат дека Гешовски загинал од вкрстена престрелка.
Меѓу другите, почит кон Гешовски и кон жртвите од распадот на СФРЈ оддал и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top