| четврток, 6 декември 2018 |

Маж се разнесе пред зграда на руската федерална служба за безбедност

Маж утрово се разнел на влезот на Дирекцијата на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) во регионот Архангелск, откако претходно извадил експлозивен уред од торба, пренесува „Танјуг“.

Ова го објавила агенцијата „Тасс“ која пренела изјава од портпаролот на рускиот анти-терористички комитет дека во експлозиjата биле повредени тројца членови на ФСБ.

Гувернерот на регионот Архангелск, Игор Орлов, изјави дека едно лице е убиено во експлозијата, а тројца се повредени, како и дека идентитетот на жртвата не е утврден.

Тој додал дека типот на употребениот експлозив исто така не е утврден.

Руското Министерство за вонредни ситуации објави дека на местото на настанот се присутни пожарникари и медицински тимови, а сообраќајот на улиците околу зградата на ФСБ е ограничен.

Управата на ФСБ во Архангелск се наоѓа во близина на драмскиот театар и голем трговски центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top