| четврток, 6 декември 2018 |

Откажани над 750 уверенија за бугарско потекло

Бугарската министерка за правда Цецка Цачева кажа дека на над 750 лица им е откажано издавањето уверение за бугарско потекло во последните година дена, коментирајќи ја акцијата на бугарското специјално обвинителство во која беа уапсени 20-мина од Агенцијата за Бугарите во странство.

Акцијата беше покрената по гласините дека службеници од агенцијата наплаќале илјадници евра за издавање фалш документи за бугарско потекло на граѓани од Македонија, Украина и Молдавија.

Министерката Цачева вели дека фактот што има толку откажувања на уверенија за бугарско потекло потврдува дека има проблеми во Агенцијата за Бугарите во странство и најави измени на Законот за бугарско државјанство.

Меѓу уапсените е и претседателот на агенцијата Петар Харалампиев, кој е обвинет за злосторничко здружување, примање поткуп и злоупотреба на службената должност.

сдк.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top