| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа е можно – Словенечки сурфер пронајден жив кај Трст, по 24 часа поминати во морето

Во водите на Јадран, кај Трст, Италија, попладнево е најден четириесет и седум годишниот словенечки сурфер кој исчезна вчера околу 17 часот, недалеку од Умаг. Пронајден е жив, а во морето поминал повеќе од 24 часа.
Полицијата во Риека добила информација од италијанските колеги во 18:20 часот дека сурферот е пронајден жив и здрав и дека се наоѓа во една болница во Трст каде што е примен поради дополнителни прегледи пренесува index.hr.
ХРТ во својот Дневник пренесе дека сурферот и се јавил на сопругата која се упатила кон Трст.

И покрај предупредувањата за невремето, вчера попладне двајца сурфери сурфале на морето недалеку од Умаг, Хрватска, и исчезнале. Едниот од нив успешно доплива до брегот уште вчера. А потрагата по другиот продолжи и изутринава бидејќи временските услови не го дозволуваа тоа вчера. Вчера се спаси храватскиот државјанин, а попладнево беше најден Словенецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top