| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвезди кои животот го загубија во трагични сообраќајни несреќи

Деновиве јавноста ширум овие простори е потресена од сообраќајната несреќа на пејачот Дарко Лазиќ кој се уште се наоѓа во болница и се бори за живот. Пејачот едвај бил извлечен од смачканиот автомобил и итно бил пренесен во болница,а се здобил со повреди на главата, има скршена бутна коска, како и неколку скршени ребра.Првата операција помина успешно и неговите најблиски, како и докторите искрено се надеваат дека ќе преживее. Српските медиуми првично објавија дека причина за несреќата било тоа што Лазиќ возел во алкохолизирана состојба, но магазинот Свет пред неколку дена излезе и со нова теорија, односно според нив, сообраќајката не била само несреќна околност, туку, наводно, зад трагедијата стојат луѓе на кои пејачот им должел неколку стотици илјади евра и дека станува збор за обид за убиство. Српската полиција, наводно, имала неколку осомничени и веќе почнала нова истрага преку која ќе се обиде да ги докаже или отфрли овие обвинувања.

Оваа собраќајна несреќа е последна во низата трагедии кои се случија на балканската естрада кои се случија во последниве години. Првата трагедија од музичката сцена се случила пред точно четири децении, кога во сообраќајна несреќа загинала “кралицата на фолк музиката” Силвана Арменулиќ.


Жителите на поренешна Југославија биле во неверојатен шок поради тегедијата која ја раздрмала тогашната музичка сцена. Пејачката Силвана Арменулиќ трагично настрадала во октомври 1976 година, во сообрќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш. Заедно со неа загинала и нејзината сестра Мирјана Бахрактаревиќ и Раде Јашевиќ- шеф на народниот оркестар од Радио телевизија Белград, кој ја возел колата.

Кон крајот на летото 1986 година, во сообраќајна несреќа на тлото на Херцеговина, прерано згаснале животите на две млади сараевски ѕвезди, Дражен Ричи Зиљо, пејачот од групата “Црвена Јабука” и Аљоша Буха, басистот од оваа група. Несреќета се случила додека патувале накај Мостар, каде требало да одржат концерт. Дражен изгубил контрола над воланот по лизгавиот асфалт. Буха, по тешките телесни повреди бил префрлен во Белград на лекување, но починал две недели подоцна на дваесет и четири годишна возраст. Дражен пак, со групата “Црвена Јабука” снимил само еден албум и спотови за трите песни “Са твоих усана”, “Дирлија” и “Нек те он љуби”.

Тоше Проески загина на дваесет и седум годишна возраст, во сообраќајка несреќа на автопатот Загреб- Липовац, кај Нова Градишка. Овој несреќен случај ја потресе цела балканска јавност, неговите обожаватели, колегите од естрадата, па дури и оние кои не беа фанови на неговата музика, бидејки Тоше важеше за најголемата поп ѕвезда на овие простори, а неговите хитови и многу години по неговата смрт се на врвот од музичните топ листи. Проески беше погребан во неговото родно место-Крушево, со највисока државна почест. По смртта, прогласен е за почесен граѓанин на Република Македонија, а во Крушево е подигнат споменик во негова чест, а на 2 ноември во ВИП арената Борис Трајковски ќе се одржи и концерт на кој постхумно ќе биде промовиран нов албум на кој ќе се најдат шест теми.

Пејачот со необичен глас и оригинален начин на изведба, Љубиша Стојановиќ Луис, загина 2011 година во сообраќајна несреќа, на педесет и девет годишна возраст. Ненадајно се судриле со кола “Форд” со унгарски табички и загинале на лице место. Познатиот пејач се занимавал со музика уште од 1970 година, а прекарот Луис го добил на девет години бидејќи пеел песни од Луис Амстронг. Бил меѓу првите изведувачи кои ја комбинирале фолк музиката со џез елементи.

Поп пејачот Дарко Рaдовановиќ и неговиот менаџер Александар Милошевиќ загинале исто така во сообраќајна несреќа на 11 јуни 2011 година во Сурчин. Неговата кариера го одбележа хитот “Ако је до мене”.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top