| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ: Владата не објавува доволно податоци за трошењето на народните пари


Деталите за трошењето на народните пари остануваат нејасни. ММФ во најновиот извештај нотира дека Владата вложува напори за подобрување на транспарентноста, но извештаите не објаснуваат се.

-Разликите во клучните фискални агрегати меѓу извештаите на државата и статистичките извештаи не се објаснети и ниеден извештај не објаснува како промената на државниот долг може да не се доведе во врска со буџетскиот дефицит, се вели во извештајот.

Експертите сметаат дека Финансии ќе треба да работи на објавување на сите информации. Но и тие да бидат претставени во форма која е разбирлива и за експертската, но и за пошироката јавност.

Не само да се зборува дека „објавивме податоци, ние сме транспарентни“ итн. Туку она што го објавувате како информации и податоци сега да го направите разбирливо за пошироката публика. Значи не може Министерството да очекува дека ќе рече „Ние сега ги отвораме податоците и толку“. Не застанува тој процес тука.

Според ММФ, Јавниот долг расте во време кога нема потреба од финансирање на буџетскиот дефицит, а тоа не е прецизно наведено во државните извештаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top