| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија денеска – не депресија, ова е демократска наркоза

Поранешниот функционер на СДСМ, Ивор Мицкоски даде осврт на денешниот ден – од владината седница, преку задолжувањето и одлуката на Сарај да ги ослободи борците на ОНА од комунални давачки, до одлуката на Охрид да не даде пари за лекување на малата Сара.

Општина Охрид не сака да даде пари за лекувањето на Сара

Тој напиша:

Владата се фали како ЕК не частело 8 мил. евра заради европските реформи.
Една европска реформа не е спроведена, чисто на хартија, едвај после ценкање изгласаа измени на законите за јавно обвинителство и кривична постапка, и закон на судови.
Ама тука се бара владеење на право, не само закони да допишувате.
Веднаш следна одлука, прифатено барањето на ДУИ за театар во Гостивар. После театар од 40 мил. евра во Тетово.
Идемо даље, заем 58 мил. евра и критика од ММФ, дека се задолжува Владата и без потреба за финансирање на буџетски дефицит.
Идеме малку локално, Општина Сарај ќе ги ослободува ОНА од комуналии.
Идемо опет глобално, Шилегов не се согласува со невладините дека не преземал мерки против загадувањето.
Општина Охрид обештетува кафиќи кои си признаваат дека го узурпираат езерото, ама не дава пари за лечење.
И ова е еден обичен ден во демократска Македонија.
Не депресија, ова е демократска наркоза.

Поранешните војници на ОНА во општина Сарај ослободени од комунални давачки

Шилегов ветуваше чуда за чист воздух, сега не може да го најде копчето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top