| четврток, 6 декември 2018 |

ОЈО ќе го истражува претседателот Иванов за кршење на Уставот

Јавното обвинителство отвори предистражна постапка за претседателот на државата Ѓорге Иванов. Се истражува дали шефот на државата ги пречекорил овластувањата со тоа што одби да ги потпише Законот за јазците и Договорот од Преспа. А предистражната постапка е отвроена откако во обвинителството стигнале два анонимни криувични пријави чии наводи сега се истражуваат.

За таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно од кои причини не се потпишани од Претседателот Иванов, велат од Јавното обвинителство.

Од Кабинетот на шефот на државата денеска молк за информацијата. Додека пак од Собранието – од каде исто така се побарани информации посочуваат дека и за Законот за јазици и за Договорот од Преспа – велат дека е побарана целокупната службена преписка со Кабинетот на претседателот за тоа како течела постапакат по двата основи за кои се га се води истражна постпка. Од Собранието посочуваат дека документацијата се подготвува и наскоро ќе биде доставна од обвинителството.

Инаку, на почетокот на годината, односно во јануари пратениците го изгласаа Законот за јазици. На седницата не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои тогаш ја бојкотираа работата на Собранието во знак на револт поради притворањето на нивните колеги пратеници за настаните од 27 ми април. Претседателот Иванов не го потпиша, по што Законот повторно се најде пред пратениците и беше изгласан во Собранието, а тогаш Никола Груевски се качи на собраниската говорница каде што седеше претседателот на Собранието Талат Џафери и му го исклучи микрофонот, по што дојде до вербален инцидент меѓу на што регираше и собраниското обезбедување. Освен инцидентот со Груевски контоверзии предизвика и одлулката на Џафери да ги игнрира над 35 илајди амандмани на опзицијата токму за овој закон.

Законот за јазиците се уште не е објавен во Службен весник – иако Џафери во повеќе наврати поосчи дека тој ќе го прати на објавување само со еден потпис, односно само со неговиот а без потписот на Иванов, но тоа не се случи.

Во однос на Законот за ратификација на Договорот од Преспа, Иванов одби да го потпише со образложение дека за тоа постојат пет причини а една од нив укажувала дека токму самата спогодба е кривично дело и дека со неа земјава се става во потчинета положба во однос на Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top