| четврток, 6 декември 2018 |

Кичевчани со денови маки мачат со мечка која им се приближи до куќите

Жителите од селото Колари, Кичевско мака мачат, последните денови со една голема мечка која се доближи до куќите и му се заканува особено на добитокот од оваа село. Mечката барала храна во околината на селото и многу е агресивна.

Луѓето се попречени да ги користат пасиштата во близина на самата шума до селото, тие исто така се плашат да заминат на сечење дрва за зимскиот период. Сега за сега не се знае дали е нанесена штета на некое од бачилата во близината на селото, особено оние кои се во самата шума до Колари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top