| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Калиниќ: „Реалноста во која живееме е порно филм во кој сите ние сме актери!”

Синоокиот шармер, актерот и водител Милан Калиниќ во интервју за “Бекстејџ” откри и детали од својот приватен живот, но и што е она што го поврзува со Македонија.

„Во Скопје служев војска, имам голем број на пријатели и секогаш со задоволство ја посетувам Македонија, откри актерот и додаде дека реалноста во која живееме е порно филм во кој сите сме актери.

„Оваа реалност во која живееме е порно филм, така што сите сме актери во него. Само треба да се потрудиш да ја добиеш главната улога, да бидеш оној што… а не тој што го…, прокоментира Калиниќ кој во четврток и петок во Домот на АРМ во Скопје ќе се претстави со претставата “Кој е тука идиот”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top