| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешните војници на ОНА во општина Сарај ослободени од комунални давачки

Поранешните војници на Ослободителната народна армија (ОНА), жители на општина Сарај, се ослободени од плаќање на комуналните трошоци на ЈКП „Сарај”, во општина Сарај, одлучил денеска Советот на Општина Сарај. Ваквата одлука, како што пишува „Тетова сот”, било предизборно ветување на градоначалникот Блерим Беџети.

Oпштина Сарај, како што се најавува, ќе формира комисија за да ги регистрира сите поранешни војници на ОНА и ќе им ја соопшти одлуката одлуката дека се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај.

Ваквата одлука за ослободување на поранешни војници на ОНА од давачки за прв пат се реализира во општина Сарај, и со неа, според информацијата на порталот, се почитува „славното националното минато на Албанците во Македонија и се институционализира историското минато на локално ниво”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top