| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов ветуваше чуда за чист воздух, сега не може да го најде копчето

Скопјани се гушат, а скопскиот градоначалник Петре Шилегов, киј во кампања ветуваше чист воздух, не може да го најде копчето со кое ќе го прекине загадувањето. Тој тврди дека активно работи за подобрување на состојбта преку повеќе проекти, иако тоа никој не го забележува. Невладините организации тврдат дека интер ресорската група цело лето не се состанала за планот од 39 мерки. Шилегов пак убедува дека оваа информација не е точна и напротив градот активно се среќава и за една година исполниле 9 од 39-те мерки. Вториот јавен повик за субвенционирање печки на пелети ќе биде на први ноември иако грејна сезона е веќе започната.


– Комплексно е прашањето за амбиенталниот воздух не може да се реши на начин што градоначалникот ќе го најде копчето за да го прекине загадувањето Мора да се променат и навиките.А и ние како институции да поведуваме мерки што не се до крај популарни изјави Шилегов кој пред мандатот убедуваше дека тогашните власти се виовни за загадувањето.

Шилегов потенцира дека во тек е постапката со европската банка за обнова и развој за набавка на новите автобуси. До сега се чистеле и оџаците на домаќинствата кои се греат на огревно дрво. Постапката за враќање на дистрибуцијата на парното во градот се легализира, а Шилегов се надева дека зимава ќе може да започне гасификацијата.

– 50 до 70 милиони евра ќе чини гасификацијата да биде доведена до домаќинствата во Скопје. Тоа се само 10 проценти од сумата која претходната власт ја потроши на спомениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top