| четврток, 6 декември 2018 |

Алфа: Спротивно на 2002 година и Хашките случаи – ДУИ сега против амнестија

Власта си скрои опозиција по своја мерка, за националното помирување низ собраниските тела. Иако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија, сепак премиерот Зоран Заев заедно со 8-те пратеници кои се исклучени од опозициската партија, ќе кројат помирување, а не амнестија.

Заев и денеска го повтори ставот за амнестијата, на иста линија со него е и вицепремиерот Бујар Османи, кој вчера истакна дека идејата за помирување е благородна, но никако не планирале да промовираат неказнивост.

Предлог законот за амнестија за ДУИ сега е неприфатлив, иако во 2002-та година токму за ДУИ амнестијата беше поволен политички договор и не беше никаков проблем. Тогаш, членови на поранешната ОНА, беа ослободени од гонење, им беа запрени судските постапки и и беа ослободени затворениците поврзани со војната од 2001 година.

Амнестија имаше и кога ДУИ го притиснаа копчето ЗА во Собранието со што запреа судските процеси за Хашките случаи, па случаите за Мавровските работници, Липковската брана, „Непроштено“ и „Водство на ОНА“ беа затворени.

Од осамостојувањето на Македонија до сега, амнестијата како политички договор била имплементирана 4 пати.

Извор: Алфа ТВ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top