| четврток, 6 декември 2018 |

Џејми Оливер банкротира!

Џејми Оливер веќе подолго време има сериозни финансиски проблеми, а според британските медиуми, познатиот готвач поради своите бизнис-потези останал без пари.

Откако неговиот синџир на ресторани минатата година се најде пред банкрот, англискиот готвач инвестираше дури 12,7 милиони фунти, што, како што вели, е целата негова заштеда, со цел да ја спаси својата бизнис-империја.

Но таквата инвестиција, според „Дејли мејл“, оставила сериозни последици.

Немам повеќе пари за финансиски да ги поддржувам рестораните“, призна Оливер. На прашањето дали повторно би се осмелил на слични инвестиции, Оливер одговори негативно, повторувајќи дека на сметката нема ништо: „Не можам повеќе да ризикувам и да ги загрозам луѓето што работат за мене“.

Инаку, првиот ресторан наречен „Џејмис италијан”, Оливер го отвори во 2008 година, а на почетокот на оваа година беше принуден да затвори 12 ресторани поради долг од дури 71,5 милиони фунти, при што отпушти 600 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top