| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп планира да го укине американското државјанство кое се стекнува со раѓање

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација почнала процес за укинување на стекнување државјанство со раѓање.

Во интервју за порталот Аксиос, Трамп изјави дека соработува со правни советници за стави крај на практиката која постои од 1968 година и пропишува дека државјанство автоматски му се доделува на секое лице родено во САД.

– Ние сме единствената земја во светот каде што едно лице може да дојде, да роди дете и да стане американски државјанин во следните 85 години со сите привилегии кои одат со тоа, рече Трамп.

– Тоа е смешно и мораме да го укинеме … процесот е во тек и следи потпишување извршна наредба, додаде тој.

Спротивно на мислењето на Трамп, десетици земји во светот нудат неограничено државјанство со раѓање, вклучувајќи ги и Канада и Мексико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top