| четврток, 6 декември 2018 |

Времето носи многу мачнини и тежини кај граѓаните

Биометеоролошките прилики во текот на следните денови кај нас ќе бидат крајно неповолни и тоа поради изразениот топлотен бран кој продира кон нашата држава од северните предели на Африка.

Сето ова особено кај метеопатите ќе услови појава на главоболки како и болки во коските, но и на местата од старите рани.

Можна е појава и на тежина на во телото и главата, повремена нервоза како и поспаност.

Поради крајно неповолните временски прилики кој се очекуваат во текот на следниот период на граѓаните кој ќе имаат вакви симптоми ги советуваме да се консултираат со својот лекар околу тоа што треба да направат за симптомите да се ублажат.

Да напоменеме уште еднашка дека до крајот на денови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи.

Подготви: Славчо Попоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top