| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепска Победа има голман за Гинис

Тони Димоски, откако минатата година беше спасителот на Прилеп во битката за опстанок во машката ракометна Супер лига, годинава тргна како помошник на Пеце Велјаноски, но на последните средби мораше да застане и на голот на Прилеп бидејќи поради повредата на Алушовски остана испразнето едно место на голманската позиција. Затоа Димоски мораше одново меѓу стативите, па и годинава покажува дека е на истото ниво на форма како и лани, пишува „24rakomet.mk“.

– Бев долг период повлечен од ракометот. Една брилијантна генерација која бевме од Прилеп бевме тргнати настрана, а со работата на претходното раководство дојде до пореметување на клубот. Прилеп се најде во ситуација да треба да игра плеј-аут. Оние играчи кои требаше да го дадат максимумот беа разочарани од претходното раководство од начинот на кој клубот се водеше. Затоа дојде ситуација четворица ракометари да се вратат во екипата и да се помогне клубот да остане во Супер лигата. Знам добро како е и колку е тешко кога ќе испаднете да се вратите назад – вели Димоски во интервју за 24 Ракомет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top