Дуетот Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчески се добитници на наградата за животно дело на Прилеп што се доделува по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот.
Оваа награда, според Општинската комисија за одбележување празници, манифестации и доделување награди и признанија, им се доделува поради достигнувањата на овие двајца музички уметници, по потекло од Прилеп, за промоција на македонската музика во светот.
Годинашни добитници на дипломи „3 Ноември” се: историчарот од прилепскиот музеј Рубин Белчески за неговиот општествен ангажман во областа на историјата; д-р Владо Ѓорѓиески, за посебни достигнувања во медицината; Димитрија Чучуроски за посебен ангажман во занаетчиството и за одржувањето на Саат кулата; Сузана Николоска за достигнувања во областа на образованието и добиената награда за наставник на годината; уметникот Драгомир Михајлоски-Пижа за неговото творештво во областа на ликовната уметност; спортистката Теодора Ристеска за постигнувања во џудо- спортот и освоените 15 медали во текот на последната година; Снежана Паноска, за достигнувања во областа на литературата и пишаниот збор и објавените три збирки поезија; спортистката Валентина Пурдеска за постигнатите резултати во карате спортот во последната година и во спремањето на кадри повеќе години наназад.
На годинешните добитници наградите ќе им бидат врачени на свечената седница на Советот на општина Прилеп, која ќе се одржи в сабота, на 3 ноември, во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков” кога ќе биде одбележана и 74-годишнината од ослободувањето на Прилеп.
На денот на празникот на градот, ќе биде положено цвеќе и ќе им биде оддадена почит на загинатите борци и заслужните дејци: пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, на Кузман Јосифоски-Питу, идеолог на НОБ и Народната револуција, на Могилата на непобедените и пред споменикот во месноста Песјобрдце, каде се одвивале завршните борби за ослободувањето на градот во ноември 1944 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


