| четврток, 6 декември 2018 |

Ги умревме дивите животни

Светската популација на диви животни се намалила за 60 отсто за само четири децении и тоа поради забрзаната загаденост, сечењето шуми, климатските промени и останатите фактори создадени од човечката негрижа кои доведоа до неверојатна криза, пишува во извештајот на Светскиот фонд за природа (ВВФ).

Вкупниот број од 4.000 видови птици, риби, рептили и амфибиски видови опаѓа исклучиутелно брзо во периодот од 1974 до 2014 година, пишува во извештајот на Ливинг планет за 2018 година.

Моменталното темпо на изумирање на видовите е илјада пати побрзо откако човечкиот фактор е вмешан во екосистемот на планетата, пренесува „Си-ен-ен“.

Обемот на површината на планетата која нема да биде уништена од човечки фактор е предвидено да падне од четвртина на десетина до 2050 година поради ширењето на популацијата, ловот, загадувањето, болестите и климатските промени.

Се предупредува дека моменталните напори да се сочува природниот свет не држат чекор со деструкцијата што ја предизвикува човечкиот фактор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top