| четврток, 6 декември 2018 |

Расте борјот на лица со вошки во Софија

Во периодот од 18 до 28 септември во Софија биле проверени 178 училишта, и во 113 од нив биле откриени деца со вошки, соопшти Регионалната здравствена инспекција за главниот град (СЗРИ).

СЗРИ на својата интернет страница денеска објави резултати од направените проверки во септември и тие покажуваат дека вошливоста преовладувала претежно во нижите одделенија, каде 58 отсто од откриените случаи биле кај дека од претшколски групи до четврто одделение, а 38 проценти од петто до седмо одделение.

Во последните години во Софија постојано расте бројот на лица кои имаат вошки, соопшти здравствената инспекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top