| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на ДЛУМ „Мал формат“ во Пловдив

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Друштвото на ликовни уметници од Пловдив, Бугарија, ќе ја отвори изложбата „Мал формат“ во четврток 01.11.2018 година во 20  часот во Галерискиот простор на Друштвото на ликовни уметници на Пловдив во Пловдив, Бугарија. На изложбата ќе се претстават повеќе од 50-тина автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија.

Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25цм претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.

На изложбата учествуваат Ана Темкова, Александар Јанкуловски Цане,Емилија Божиновска, Кирил Гегоски, Марија Светиева, Филип Фидановски, Петра Јовановска, Симеон Арнаудов, Дијана Томиќ Радевска, Ангел Димовски Чауш, Маја Кировска и други.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top