| четврток, 6 декември 2018 |

Вработен во Mинистерствотo за правда еден од силувачите на 13-годишното девојче

Обвинителството по краткотрајниот притвор за утврдување идентитет предложи, а судија одобри 30 дена притвор за тројца осомничени за силување 13 годишно девојче во гостиварско. Нивниот идентитет е утвреден. Станува збор за 62-годишен маж А.М., 58 годишен Н.Е. и три години помладиот Б.М.

Според извори од истрагата еден од тројцата е матичар во Министерството за правда во Гостивар и заедно со уште две лица против кои се уште се трага ја искористиле малолетничка со ментална заостанатост. Дека девојчето е силувано потврди полцијата и по направена експертиза на судската медицина.

dosie.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top