| четврток, 6 декември 2018 |

Адвокат на ѓаволот: Кој е Пит Михалик кој утринава е изрешетан пред своите деца во Јоханесбург?

Пит Михалик(50) кој утринава е убиен пред приватното училиште на своите деца, познат е во адвокатските кругови и како адвокат на ѓаволот, бидејќи ги бранел најпознатите криминалци на јужноафриканското подземје.

Според непотврдени извори, за време на пукањето повреден и е и неговиот син(8). Неговата ќерка не е повредена.

Локалните медиуми наведуваат дека адвокатотот  имал телохранители, но дека убиецот пришол до неговиот автомобил и пукал низ прозор во неговата глава.

-Брзата помош набрзо стигнала на лице место, но лекарите можеле само да констатираат смрт на адвокатот-рекол извор за локалните медиуми.

Михалик бил самохран родител, бидејќи неговата сопруга, мајката на нивните две деца, извршила самоубиство пред неколку години. Тој непосредно по семејната трагедија, фатен е во прегратка со јужноафриканската манекенка Тасмин Тобит.

Ова е уште едно во низата убиства кој во Јужна Африка се поврзани со Србите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top