| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец прегазен во Холандија, собрани пари за враќање на телото

Потребните 10.000 евра се собрани вечерва преку Фејсбук за враќање во Македонија на телото на Мики Трпковски, кој вчераутро со неговата девојка Алис Деси, возејќи велосипеди, беа прегазени со автомобил од пијан возач во холандскиот град Гус.

Триесетгодишниот Мики и три години постарата Алис ја преминувале улицата со велосипед во 4:15 часот утрото, кога на нив налетал 19-годишник зад управувачот на „пежо 206“. Двајцата велосипедисти загинале на самото место, а возачот продолжил со тешко оштетеното возило пред конечно да запре малку понатаму. Уапсен е и одведен во полициска станица, каде што од неговиот здив е утврдено дека многу пиел пред вози.

„Семејството сака да го пренесе Мики во Македонија колку што може побргу, но тоа нема да оди толку лесно. Се надеваме дека ќе може да замине од аеродромот ‘Шипхол’ во четврток или во петок“, изјави сестрата на Алис, Сара Деси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top