| четврток, 6 декември 2018 |

„Ауди“ покоси пешак, тешко повредена 18-годишна девојка

Девојка е тешко повредена откако вчера попладне во Штип на крстосницата од улицата „Гоце Делчев“ и улицата „Вељко Влаховиќ“ во неа удрило патничко моторно возило „ауди А4“ со штипски регистерски таблици управувано од Т.Н. (51) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила пешакот А.Ј.(18) од с.Соколарци, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top