| четврток, 6 декември 2018 |

Нови земјотреси на омиленото летувалиште на Македонците

Два нови земјотреси се регистрирани утринава во близина на грчкиот остров Закинтос во Јонското Море.

Европскиот сеизмолошки центар покажа дека утринава земјотрес со 5.4 степени по рихтер е регистриран во 5 часот. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри на 25 километри југозападно од островот.

Во 8:34 часот е регистриран втор земјотрес со јачина од 4.2 по рихтеровата скала.

Засега не се регистрирани последици од овие два земјотреси.

Овие земјотреси доаѓаат по оној пред неколку дена од 6.4 степени според рихтеровата скала кој донесе пукање на земјиште во пристаништето во Закинтос, како и помали штети на неколку објекти на островот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top