| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнале милијардите на Гадафи од белгиските банки

Од белгиските банки исчезнале дел од парите на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, објави телевизијата РТБФ.

Со одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации во 2011 година средствата на Гадафи беа замрзнати. Во тој момент во банките „БНП Парибас фортис“, ИНГ, КБЦ и „Јуроклир банк“ се наоѓале повеќе од 14 милијарда евра на поранешниот либиски лидер. Одлуката на СБ на ОН не се однесувала на каматите. За осум години таа сума е зголемена за три до пет милијарди евра и токму тие пари се исчезнати, а се претпоставува дека завршиле во рацете на групите кои војуваат во Либија.

За исчезнување на милијарди евра од замрзнати либиски сметки беше пишувано и порано. Пред пет години на нив се наоѓале 16 милијарди евра, а
во 2017 година, кога белгиските власти по истрагата за перење пари имаа намера да го конфискуваат имот, откриени се само 6 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top