Жена се разнесе во центарот на Тунис, главниот град на Тунис, во понеделникот, објави државното радио Радио Шамс-ФМ.
Според прелиминарните извештаи, експлозијата што ја погодила централната авенија „Хабиб Бургиба“, била резултат на самоубиствен бомбашки напад. Полицијата го затвори местото на инцидентот.
Туниското Министерство за внатрешни работи ги потврди извештаите во кои се наведува дека девет лица претрпеле повреди како резултат на експлозијата. Според локалните ТВ-извештаи, осуммина од повредените се полицајци и еден е цивил. Сите повредени беа однесени во градските болници. Жената загинала во експлозијата.
„Дејли мејл” објави дека наводниот женски бомбаш-самоубиец сериозно повредил најмалку две лица во експлозијата. Медиумите, исто така, истакнаа дека експлозијата се случила блиску до полициско комбе и недалеку од еден хотел.
Освен тоа, медиумите цитираат очевидци кои тврдат дека жената носела самоубиствен елек. Ниту една терористичка група не ја презеде одговорноста за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст