Од 29 до 31 октомври 2018 година Скопје и Република Македонија ќе бидат домаќини на работната средба на членовите на Управниот одбор и на Програмската комисија на Европската мрежа за литература и книги „Традуки“ соопшти Министерството за култура.
Во рамките на тридневната работна средба, утре (30 октомври) во 12 часот, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, ќе биде потпишан Договор за соработка меѓу земјите членки на оваа меѓународна организација. На потпишувањето на договорот ќе присуствува и министерот за култура Асаф Адеми.
„Традуки“ е европска мрежа за литература и книги во која членуваат Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Косово, Лихтенштајн, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Швајцарија. Република Македонија од минатата година е полноправна членка на „Традуки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст