| четврток, 6 декември 2018 |

Чехословачката државна безбедност долги години го шпионирала Трамп

Чехословачката државна безбедност (СтБ) долго време го шпонирала актуелниот претседател на САД Доналд Трамп, откако се оженил со својата прва сопруга, Ивана Зелничкова. Операцијата била координирана од Злин, мал град во тогашната југозападна Чехословачка, каде Ивана е родена.

Таткото на Ивана, Милош Зелничек, на локалната канцеларија за државна безбедност редовно ѝ давал информации за посетите на неговата ќерка во САД но и за кариерата на својот селебрити зет Трамп, во Њујорк. Зелничек бил класифициран како „конспиративен“ информатор. Неговиот однос со СтБ траел до крајот на комунистичкиот режим.

Новата архива на документи до кои дошол британски Гардијан покажуваат дека интересот на државната безбедност се зголемил по изборите во 1988 година на кои победил Џорџ Буш постариот.

Поранешниот официјален претставник на СтБ Властимил Дањек ја потврди операцијата „Трамп“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top