Специјалното обвинителство ја истражува бугарската Државна агенција за Бугарите во странство поради сомнеж за корупција. Истражителите од утринава испитуваат сведоци во Софија, Ќустендил и во Плевен, пренесуваат бугарските медиуми.
Истрагата започнала по обвинувањата дека се издавале документи со кои се докажува бугарско потекло за 5000 евра, а такви фалсификувани документи им биле издавани на луѓе од Македонија, Украина и од Молдавија. Со тие документи потоа можеле да извадат бугарски пасош.
Во обвинителството задржан бил претседателот на агенцијата, Петар Харалампиев, кој е испитуван за продажба на неверодостојни документи за бугарското потекло на граѓани, главно од Украина, Молдавија и Македонија за сума од 5.000 евра по пасош.
Инаку Харалампиев ја преземал Агенцијата минатата година. Пред тоа, три години бил заменик овластен управник на Софија како и извршен директор и член на управниот совет на фондацијата „Бугари“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст