| четврток, 6 декември 2018 |

Гори црвениот метеоаларм во Хрватаска: Поплави,прекин на електричната енергија и пожари (Видео)

Најавеното влошување на временските услови пристигна во Хрватска во неделата, со обилни врнежи од дожд кои на одредени места предизвикаа и поплави, објави индекс.хр.

Според извештајот, во Дубровник сообраќајот на одредени патишта бил во целосен прекин поради поплавите, а на улиците може да се забележат и откорнати дрвја.

„Во текот на денот и ноќта добиени се неколку пријави од граѓани за одрони на Јадранската магистрала, паднати дрвја, скршени гранки, кои се последица на силните ветрови и дождот. Исто така, имаше и пријави за пожари на бандери, што предизвика и прекин во снабдување со електрична енергија во одредени области“, наведуваат официјални лица.

Според хрватските медиуми, за вториот дел од денот се прогнозирани уште посилен дожд и ветер, што најверојатно ќе предизвика дополнително поплави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top