Министерството за одбрана жали за случајот со запалениот автобус кој утрово превезувал припадници на АРМ на своите работни места во Скопје, од Пробиштип, Кратово и Куманово. Министерството ја известува јавноста дека во инцидентот не е повреден ниту еден припадник на Армијата. Фирмата која што го врши превозот за кратко време испратила друг автобус, и сите патници пристигнале со мало задоцнување на своите работни места и веќе нормално си ги извршуваат задачите.
„Од досега утврдените факти соопштуваме дека инцидентот се случил околу 6.10 минути изутрина, на излезот од Пробиштип. Веднаш штом е почувствуван чадот, припадниците на АРМ од страна на одговорното лице биле повикани да го напуштат автобусот и го напуштиле. Во автобусот останале само два војнички ранци. Според првичните сознанија, автобусот бил носен на сервис во текот на викендот. Согласно Договорот, ги исполнувал условите кои што се побарани во тендерската документација, има потврда за исполнување на посебни техничко-експлоатациони услови издадена на 1.02.2018 година со важност до 1.02.2020 година, бил од марката „Марбус“, производство 2007 година и го исполнува стандардот ЕУРО 4.“, се наведува во соопштението од МО.
Припадници и стручни лица на Воената полиција веднаш излегле на терен за да ги утврдат околностите под кои се случил настанот.
Министерството за одбрана од фирмата која го обезбедува превозот очекува да биде извршена анализа на случајот со цел да не се повтори.
Фото: Нетпрес
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст