| четврток, 6 декември 2018 |

Апсење вчера на Табановце – Албанец на контрола покажал туѓ пасош

Вчера попладне на Граничен премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Е.К.(31) од Република Албанија користи туѓа патна исправа.

При извршените проверки било констатирано дека фотографијата од патната исправа не се совпаѓа со лицето што ја користи, а по извршен разговор тој изјавил дека се вика Џ.Б.(35) од Албанија. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top