| четврток, 6 декември 2018 |

Најголем во светот: Ѕирнете во турскиот аеродром кој се отвора утре (Видео)

Турскиот претседател Реџепт Таип Ердоган утре ќе го отвори новиот, трет аеродром во Истанбул, кој како што е најавено, низ 12 години ќе биде најголемиот во светот, кога целосно ќе биде завршен.

Аеродромот е изграден на европскиот брег кај најголемиот град на Турција, во округот Арнавутко, а изградбата на тој мегапроект е проследена со проблеми околу правата на работниците, еколошки прашања и слаеење на турската економија.

Новиот аеродром на Истанбул на бреговите на Црното море ќе опслужува 90 милиони патници годишно во првата фаза. Кога ќе биде завршен целосно за 12 години, ќе може, како што се тврди да прими и 200 милиони патници годишно, со слетување на авиони на дури шест писти.

За почеток ѕирнете како изгледа аеродромот кој утре ќе ги отвори вратите.

фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top