Нешто е труло во малото нордиско кралство: Владата на Данска подготви Закон со кој се забранува јавна критика на либералната демократија и НАТО, со казни од повеќегодишен затвор.
Се чини дека тоталитаризмот во Европа, кој до 1990 година престојуваше од источната страна на „железната завеса“, сега се сели на Запад.
Иницијативата за која во моментов расправа данскиот Парламент е наречена „Мерки за борба против операции за психолошки влијанија кои ги спроведуваат странските разузнавачки служби“. Ако законот биде усвоен, граѓаните на Данска ќе бидат казнувани ако се „мешаат во јавната расправа“ и „се обидуваат да влијаат на процесот на донесување одлуки“, а власта ќе процени дали тоа го прават под влијание или за сметка на странски разузнавачки служби.
Конкретно, данските граѓани ќе се соочат со казна затвор до 12 години ако нивните изјави за време на изборните кампањи се разликуваат од службениот став на властите. Предлог- законот наведува и примери за изјави и активности кои ќе станат незаконски. Така казни ќе се изрекуваат ако некој изјави дека антируските санкции се штетни за Данска, а казна им следува и на оние кои јавно ќе даваат поддршка за рускиот гасовод „Северен Тек 2“. Вреди да се спомене дека овој орвелски закон не би се однесувал само на класичните медиуми, туку и на објави на Фејсбук и други социјални мрежи. Според предлог-законот и корисниците на Фејсбук можат да завршат во затвор поради објавување „непријателска содржина на НАТО“.
Заплашување на општеството
Повод за ваков Закон е актуелниот контекст на општата западна параноја од наводна руска агресија, па така данската Влада критиките за НАТО ги смета за проруска пропаганда.
– Според Владата, надворешното влијание, особено од Русија, претставува се поголема закана за Данска, пишува данскиот весник „Арбејдерен“ додека весникот „Берлингске“ укажува дека наведениот закон „легитимните мислења на граѓаните ги смета за пропаганда“ и заклучува дека се работи за „очигледен обид за заплашување на данското општество“.
Законот се уште не е усвоен во Парламентот, но набљудувачите тврдат дека би можел да помине. Во Данска на власт е либарално-конзервативна коалиција на партијата Венстре која за сега не покажува противење на оваа иницијатива.
– Мислам дека данскиот Парламент нема да биде пречка, ги пренесува порталот логично.ком зборовите на данскиот социолог Ларс Јоргенсен кој стравува дека по донесувањето на законот и самиот ќе биде уапсен со оглед на тоа што веќе некое време спроведува научно истражување за НАТО и податоците ги објавува и на Фејсбук. Односно ги објавуваше додека не му го блокираа профилот на оваа социјална мрежа.
„Прекрасна лага“
– Мојот Фејсбук профил е блокиран со месеци, а потоа и деактивиран, а имам околу четири илјади пријатели вклучувајќи академици од целиот свет. Јас сум научник кој има критичко мислење за НАТО. Длабоко ја истражував историјата на НАТО, а соработувам со голем број експерти и професионалци. Имам информации кои го уриваат позитивниот имиџ на НАТО и докажуваат дека нивната верзија за војната во Југославија е прекрасна лага, како и за Либија и Сирија. За НАТО особено е важно да се замолчат опонентите, па така и мене, вели Јоргенсен.
И така за помалку од 30 години доживеавме голем историски пресврет во Европа, на релација Исток – Запад. Пред 1990 година вакви закони на стариот континент постоеја само во тоталитарните држави од Варшавскиот Пакт и се сметаа за реликт на сталинизмот. Дури и најлибералната социјалистичка држава во Европа и единствена која се наоѓаше вон „железната завеса“ Титова Југославија, во Закон имаше „вербален деликт“ – се работеше за познатиот член 133 од Казнениот закон.
Тогаш од другата страна на „железната завеса“ стоеше слободарскиот Запад со гарантирана слобода на мислење и изразување. Токму на таа разлика капиталистичките земји со либерална демократија го градеа наративот за својата цивилизациска супериорност.
А сега тој ист вербален деликт го воведува една западна либерална држава, и тоа онаа од редот на нордиски демократии, кои општо се сметаат за најпрогресивни општества на светот. Има ли поочигледен доказ дека светот на либералната демократија каков што го познававме неповратно оди по ѓаволите ?
Слободна Далмација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст