| четврток, 6 декември 2018 |

„Еко грин викенд“ – Маврово ќе живне и во лето

Словенечкиот диџеј и продуцент Валентино Канциани, нашите Гоце Саф и ЛД Пистолеро, „Леб и сол“, „Летечки пекинезери“, „Чалгија Сауд Систем“, Дани Димитровска, „Шајн“ се само дел од настапувачите во музичкиот дел на „Еко грин“ викендот.

Фестивалот кој ќе се одржува за прв пат во наципоналниот парк Маврово од 16-ти до 18-ти август во Маврово е од еколошко-едукативен и забавен карактер на кој ќе бидат промовирани природните убавини на мавровоско-реканскиот крај.

– Овој настан е замислен со две компоненти. Едната е да ги прикажеме можностите за активен престој на регионот и поттикнување на локалното население. Втората е економска, односно преку продажба на билети, овој фестивал да стане одржлив и за идните години – рече градоначаланикот на општина Маврово-Ростуше Мукрем Мехмеди на денешната опуштена средба со медиумите.

Покрај музичката програма, посетителите ќе можат да проследат и неколку спортски натпревари во параглајдерство, велосипедизам, скијање, риболов, планинарење, како и изложби на фотографии, ракотворби, сувенири и домаши производи. Две вечери (петок и недела) се бесплатни за сите посетители, а настапот на диџејот од Словенија, што ќе се одржи во саботата на 17. август чини 300 денари.

Настанот ќе се одржува на фудбалскиот терен кај дискотеката „Ратрак“ каде ќе биде поставена главната бина и 5 големи шанка со храна и пијалоци. Тука посетителите кои сакаат да кампуваат ќе добијат бесплатен простор за својот шатор. За останатите, мавровските хотели ќе понудат унифицирана цена  и намалени цени на сместувачките и угостителските услуги која ќе се движи од 10 до 18 евра од вечер.

Настанот го организира здружението на граѓани „Еко Маврово“, а е поддржан од локалните фирми и општина Маврово Ростуше.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top