| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Важно е да вртат камионите на Вице, да се множат тендерите на Кочо

Одродената и криминална власт на чело со Зоран Заев работи единствено за бизнис интересите на картелот. Важно им е да вртат камионите на Вице, да се множат тендерите на Кочо, да има што повеќе криминални грантови кои ќе ги добиваат неколкумина од врхушката на власта. Граѓаните се жртви на економски геноцид. Над 460 илјади Македонци живеат со еден оброк на ден, гладуваат и се борат со сиромаштијата, додека картелот ги брои милионите на своите сметки заработени на нивниот грб, стои во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Устите им се полни со европски вредности и Европа, од која единствено го користат еврото кое станува нивен добро препознатлив симбол. Таков пример се 35 милиони евра за крвавиот тендер во здравството, криминалните грантови од Фондот за иновации тешки 11 милиони евра, концесиите, дозволите, државното земјиште доделени на партиски послушници и роднини на Заев вредни 10-тици милиони евра, стеблата марихуана или камионите ангажирани во РЕК Битола. Одродената и криминална власт на чело со Зоран Заев во обид да го продолжи својот политички живот во ова беззаконие се реши да започне со распродажба на единственото нешто кое во криминалната транзиција не успеаја да го докусурат, а тоа се државните и националните интереси.“

-За спас на трагичната политичка кариера на единствениот премиер во Европа кој е аболициран, срамно се менува името и идентитетот и се погазува демократијата и волјата на народот. Поразите претставени како победи мора да запрат. Мора да се стави крај на капитулациите претставени како компромиси и да се престане со систематското уништување на државата. Граѓаните ќе го поразат ова сивило, ќе го поразат Зоран Заев со својот глас кој што истиот тој сега не го почитува. На следните избори граѓаните конечно ќе расчистат со транзициските политичари, се потенцира во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top