| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на жртвите можел да биде троцифрен: Пилотот на хеликоптерот на Лестер спречил катастрофа

Пилотот на хеликоптерот на сопственикот на Лестер, чие има се уште не се соопштува, спречил тотална катастрофа иако најверојатно е еден од петтемина загинати во несреќата што се случи до стадионот Кинг Пауер.

Според очевидци, тој се соочил со проблеми веднаш откако го напуштил стадионот, но умешно го однел хеликоптерот до паркингот кој бил празен за таму да се сруши.

Ако не успеел во тоа, можело да загинат многу луѓе кои во тој момент го напуштале Кинг Пауер и бројот на жртвите да биде и троцифрен, особено поради тоа што хеликоптерот експлодирал.

Уште не се знае кој го загубил животот во несреќата, a нема ни официјално соопштение од Фудбалскиот клуб Лестер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top