| четврток, 6 декември 2018 |

Фенербахче го отпушти Филип Коку, Елмас ќе добие нов тренер

Денешниот тежок пораз од Анкарагучу на домашен терен (1-3) ја прели чашата кај раководството на Фенербахче кој му врачи отказ на тренерот Филип Коку, што значи дека македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас наскоро ќе добие нов тренер.

Холанѓанецот Коку имаше голема доверба во Елиф Елмас и често го играше во првиот тим, но не ги исполни очекувањата на турскиот гигант кој во наредните денови се очекува да назначи нов тренер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top