| четврток, 6 декември 2018 |

До неа паднат во несвест лежел нејзиниот вереник: Млада српска актерка денеска пронајдена мртва (фото)

Младата српска актерка Ивана Млаѓовиќ (30), која толкуваше епизодна улога во серијата „Село гори, а баба се чешла“ денеска е пронајдена мртва во стан на свој пријател во Крагуевац. Српските медиуми пишуваат дека Млаѓовиќ, која е поранешна „Плејбој девојка“, починала поради предозираност со психоактивни супстанции, а ја пронашле пријателите во чиј што стан била.

Покрај неа, во несвест е пронајден и нејзиниот вереник, кој итно е префрлен во болница. Според последните информации, тој дошол при свест и се опоравува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top