| четврток, 6 декември 2018 |

Конте уште утре седнува на клупата на Реал Мадрид?

Тренерот на Реал Мадрид, Хуан Лопетеги уште пред почетокот на денешното Ел Класико беше под огромен притисок заради очајните игри, а денепниот тежок пораз скоро сигурно ќе биде капката која ќе ја прелие чашата. Медиумите во Шпанија веќе пишуваат дека уште утре „кралевите“ ќе имаат нов тренер, а тоа ќе биде Италијанецот Антони Конте.

Сепак, весникот „Марка“ излезе со друга прогноза, која вели дека Сантијаго Солари, тренерот на Кастилја, најпрво ќе биде назначен привремено за тренер, а веќе од следната недела Конте ќе биде промовиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top