| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган, Меркел, Путин и Макрон: Потрбено е политичко решение за Сирија

Лидерите на Турција, Русија, Франција и Германија на Самит за Сирија се согласија дека не постои воено решение за кризата во земјата и апелираа што побрзо да се покрене политички процес со кој би се ставило крај на седумгодишната војна. Во заедничкото соопштение на Реџеп Тајип Ердоган, Владимир Путин, Емануел Макрон и Ангела Меркел по вчерашниот состанок во Истанбул, се истакнува неопходноста за воспоставување на траен мир во Сирија и потребата да продолжи борбата против екстремистите, како и да се создадат неопходни услови за безбедно и доброволно враќање на бегалците.

Исто така се предвидува до крајот на годината да се формира Комитет за промена на Уставот на Сирија.

Во соопштението се истакнува и дека се отфрлаат „сепаратистичките агенди за поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија како на националната безбедност, така и на соседните држави“.

Германската канцеларка Меркел истакна дека решението за сириската криза не може да биде воено и оти мора да се води политички процес под покровителство на Обединети нации.

– На крајот од овој политички процес мора да се одржат слободни избори, на кои ќе учествуваат сите Сиријци, вклучително и дијаспората, посочи Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top